Ивана, сопругата на градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, го привлече вниманието на јавноста со својот стил, кога заедно со него утрово беше на гласање за референдумот. Облечена со црна сукња од тул, бела маичка со принт „македонско девојче“ и црни патики, таа доби комплименти дека изгледа одлично. „Си избрал модерна жена“, „Ми се допаѓа сукњата, каде ја купила Ивана“, коментираа пријателите на Богоев, кој е најмлад градоначалник на СДСМ.
Ова не е првпат Ивана да се најде во центарот на вниманието на социјалните мрежи. Таа доби бројни комплименти за изгледот и минатата недела, кога правеше свадба со Стефан. Тогаш беше облечена во проѕирна секси венчаница од тантела.
Богоев и Ивана се венчаа во матично на почетокот на летото, а минатата недела направија свадба со бројни родни и пријатели. Свадбата беше во ресторанот „Ла Тана“, а гостите ги забавуваше „Либеро бенд“.
(Фото) Се ожени градоначалникот Стефан Богоев, невестата избра тантела
Текстот (Фото) Сопругата на Стефан Богоев модерна на гласање е превземен од Reporter.mk.