Бизнисменот Ренди Гербер, сопругот на супермоделот Синди Карфорд, е фотографиран додека им носи храна на бездомниците во Калифорнија, за време на пандемијата од коронавирусот. Гербер со својот автомобил отишол во еден од парковите во Малибу и шетал сè додека не ги нашол бездомниците, а потоа има давал храна и вода, пишуваат американските медиуми.
„Тој ѝ понуди бурито, а жената со задоволство го прифати и му се заблагодари за помошта. Таа не ни знаеше кој се крие зад маската и го нарече ‘добар човек’“, раскажал маж кој видел што се случило.
Ренди цело време носел заштитна опрема, маска и ракавици, и не сакал да се загрози себеси или некој друг.
Со ова сопругот на славната манекенка се приклучи на мноштвото познати личности кои им помагаат на луѓето од најзагрозените категории.
Текстот (Фото) Сопругот на Синди Крафорд ги храни бездомниците во Малибу е превземен од Reporter.mk.