Во периодот на изолација, поради коронавирусот, вежбалната во која тренира латино пејачката Џенифер Лопез, специјално беше отворена за неа. На вратата јасно се гледаше натписот: Теретаната не е отворена. Останете дома на сигурно“, но тоа не ја спречи пејачката да влезе и да го одработи својт тренинг.
Папараците јаснимија пред теретаната во Мајами, во која обично вежба, а со неа беше и нејзиниот вереник Алекс Родригез. Американските медиуми пренесоа дека сите теретани, ресторани и работилници биле затворени во градот, но оваа ја отвориле приватно за Лопез. На овој начин пејачката го собра бесот од јавноста.
„Само за богатите и славните! Ова е срамота, значи сè се можело кога ќе се плати? А ние сите седиме дома“, бил еден од коментарите на социјалните мрежи.
Текстот (Фото) Специјално ја отворија вежбалната за Џенифер Лопез е превземен од Reporter.mk.