Српската пејачка Драгана Мирковиќ викендов направи успешен концерт во Врање, каде настапи по повод манифестацијата „Денови на Врање“.
По одржаниот концерт организаторите не го криеја задоволството од огромниот број на фанови и истакнаа дека овој концерт ќе влезе во историјата како еден од најпосетените.
Драгана за време на четирите часа пеење, се симна и меѓу публиката. По завршувањето на концертот, Мирковиќ остана дополнителни 2 часа со најверните фанови. Нејзината турнеја продолжува во Швајцарија.
Текстот (Фото) Спектакл на Драгана Мирковиќ во Врање е превземен од Reporter.mk.