Победникот на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески, во Белград го снима спотот за својата нова песна, која треба да излезе наскоро. Пејачот со своите фанови на „Инстаграм“ сподели неколку фотографии од снимањето, на кои е сликан со згодна манекенка од Србија.
„Уште те има во крвта, неизлечиво“, напиша Ристе во описот на фотографијата.
Пејачот минатата година замина во Белград каде што се пресели за да гради музичка кариера.
Текстот (Фото) Србинка го заведува Ристе Ристески е превземен од Reporter.mk.