Кошаркарот на Црвена Ѕвезда, Огнен Кузмиќ утрово е тешко повреден во сообраќајна несреќа во близина на Бања Лука. Заради тешките повреди, тој со хеликоптер е итно пренесен во Ургентниот центар во Белград, а лекарите се борат за неговиот живот. Српскиот кошаркар е во кома, а во сударот се здобил со тешки повреди на главата и градниот кош и ги скршил долната и горната вилица.
Сообраќајната несреќа се случила утрово кога Кузмиќ со своето „порше“, во кое бил и негов пријател, се судрил со автомобил „бе-ем-ве“, во кое биле двајца жители на Приједор. По судирот поршето на Кузмиќ се првртело неколку пати и завршило на полјаната крај патот. Повреден е и неговиот совозач.
29-годишниот кошаркар од Добој, професионалната кариера ја почнал во 2007 година во „Борац“ од Бања Лука. Тој настапувал и за „Голден стејт вориорс“ во НБА, за „Панатанаикос“ и „Реал Мадрид“, а од оваа сезона е член на „Црвена Ѕвезда“, клубот во кој играше и во 2016/17 година.
Текстот (Фото) Српски кошаркар тешко повреден во сообраќајка во Босна, со хеликоптер пренесен во Белград е превземен од Reporter.mk.