Популарниот глумец Силвестер Сталоне (73) беше на шопинг со ќерка му Систин (21). Двајцата биле снимени додека шетале низ Беверли Хилс без обезбедување.
Сталоне бил во црни панталони и бела кошула. На себе носел црна јакна со кожени ракави и чевли.
Систин носела џемпер, црни панталони и чизми во иста боја од превртена кожа. Носела накит направен од златни алки и црни очила. Многумина коментираа дека изгледа на Сталоне кога бил помлад.
Покрај Систин, Сталоне со својата трета сопруга Џенифер ги има ќерките Скарлет (17) и Софија (23). Двајцата се венчаа во 1997 година.
Текстот (Фото) Сталоне без обезбедување на шопинг со ќерка му е превземен од Reporter.mk.