Глумицата Кортни Кокс се пофали дека е во џакузи со Дејвид Бекам. Таа на „Инстаграм“ објави неколку слики и видеа со фудбалската ѕвезда. „Станува жешко“, напиша популарната Моника од „Пријатели“. Таа потоа објави и слика на која со нив двајца во џакузито се и актерите Џеси Талер Фергусон и Ерик Стоунстрит и откри дека со Бекам добиле улоги во хит-серијата „Модерно семејство“.
Брзо по неа и Бекам на својот „Инстаграм“ објави слика со 55-годишната глумица, додека го читаат сценариото за серијата, со коментар: „Денеска запознав нова ‘пријателка’ на работа“.
Американските медиуми пишуваат дека во серијата Кортни ќе се глуми себеси, но засега не се знае каква улога има Бекам. Инаку, ова е последна, 11. сезона од популарната серија, во која, меѓу другите, глумат и Софија Вергара, Ариел Винтер и Сара Хејланд.
Текстот (Фото) „Станува жешко“ – Дејвид Бекам во џакузи со Кортни Кокс е превземен од Reporter.mk.