Околу триесет светски лидери, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин, се собраа денес во Париз да присуствуваат на погребот на поранешниот претседател на Франција, Жак Ширак. Французинот ќе биде погребан на гробиштата Монпаранс, до гробот на неговата ќерка Лоран, која починала во 2016 година.
Од Палатата на инвалиди, каде од вчера е изложен неговиот ковчек, денес со сите воени почести, поворката се упати кон црквата „Сан Сулпис“, каде беше одржана меморијална церемонија. Илјадници Французи имаа можност да се простат од нивниот поранешен лидер.
Ширак беше широко почитуван поради тоа што ѝ обезбеди на земјата улога на глобален играч и затоа што се противеше на инвазијата на Ирак во 2003 година, а обвинувањата за финансиски малверзации, кои се слушнаа по заминувањето од функцијата, не го нарушија неговиот углед.
Текстот (Фото) Светски лидери се простија од Жак Ширак, Французинот ќе го погребаат покрај ќерка му е превземен од Reporter.mk.