(Фото) Тања и Сашенка, најважните жени на Гоце, за кои јавноста малку знае

Актреот Гоце Тодоровски е едно од значачните имиња на македонското глумиште. Тој е еден од онаа златна генерација на актери во Македонија, но откако минатата година се пензионира, Гоце Тодоровски сѐ повеќе време поминува со семејството.

Реномираниот актер ретко споделува приватни фотографии на социјалните мрежи, но овој пат реши да споедли слика со сопругата Тања и ќерката Сашенка.Тодоровски има и син, кој исто така се вика Гоце.

Неговата ќерка Сашенка Тодоровска, е стана глимица, но му се посвети на дизајнот.

Гоце Тодоровски е роден на 6 јули 1951 во Кичево. Тој по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар.

 

Покрај ангажманите во матичниот театар, тој беше често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин беше и во другите театарски куќи во Македонија. На неговата последна претстава во Драмскиот театар пред неговото пензионирање беше испратен со громогласен 10 минутен аплауз.

Текстот (Фото) Тања и Сашенка, најважните жени на Гоце, за кои јавноста малку знае е превземен од Reporter.mk.