Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска објави слика од нејзиниот татко Сашо кој на 70 години се искачи на Кораб.
„Горда ќерка на млад и неуморен 70-годишник! Браво за новото освојување на Кораб“, напиша таа покрај фотографијата што ја објави на својата официјална фан-страна на „Фејсбук“.
Шеќеринска откако стана министерка за одбрана, често споделува фотографии на својот фејсабук-профил, но не само од она што го работи, туку и приватни. Така неодамна сподели слика од роденденот на ќерката Ада која ја има од бракот со бизнисменот Бобо Дајнерс со кого се омажи во 2006 година.
Текстот (Фото) Таткото на Шеќеринска на 70 години го искачи Кораб е превземен од Reporter.mk.