Телохранителот на Џенифер Лопез и Алекс Родригез, со џипот додека ја возеше светската музичка ѕвезда, прегази фотограф додека професионално си ги извршуваше своите работни обврски.
Славната двојка за време на една вечера во познат ресторан во западен Холивуд, беше следена од папарацо, кој се обидел да ја фотографира Џеј Ло, со вереникот додека биле во џипот.
Телохранителот на популарната пејачка, кој управувал со возилото, малку фалело целосно да го прегази човекот, а целата немила сцена успешно ја снимиле колегите на прегазениот.
Фотографот паднал на земја, а неговата нога се најде покрај гумите на џипот. Тоа што шокира е дека ниту телохранителот, но ниту Џенифер Лопез ниту нејзиниот вереник Алекс Родригез, не излегле од возилото за да видат дали со повредениот е се во ред.
За среќа, фотографот не се здобил со потешки повреди, но преживеал страв. Панталоните му биле уништени, искинати, а на нив дури можат да се забележат и траги од гуми.
Текстот (Фото) Телохранителот на Џенифер Лопез прегази фоторепортер е превземен од Reporter.mk.