(Фото) Тереза Кесовија на 80 години возеше кајак

Легендарната хрватска пејачка Тереза Кесовија се пофали дека ужива во крајот на летото. Таа на 80 години возеше гумен кајак, па објави видео и слика на социјалните мрежи од својата авантура. „Летни радости“, напиша пејачката покрај  фотографијата. Обожавателите, пак, не штедеа комплименти за Кесовија. „Каква на сцената, таква и во морето“, стои во коментарите.

Популарната пејачка лани прослави 60 години кариера, а го славеше и 80. роденден со концерти во Загреб и во  Љубљана. На роденденските концерти беше и нејзиниот поранешен сопруг, пејачот Миро Унгар. Тереза и денес важи за еден од најдобрите вокали во поранешна Југославија која има успешна меѓународна кариера.

Текстот (Фото) Тереза Кесовија на 80 години возеше кајак е превземен од Reporter.mk.