Легендарниот холивудски глумец, Арнолд Шварценегер, додека тренираше во својата вежбална, им порача на фановите, дека и покрај пандемијата со коронавирусот, тие треба да бидат активни и да останат во топ форма.
Друштво на глумецот му правеше неговиот миленик, магарето Лулу. Тоа беше покрај својот стопан додека тој вежбаше на справите во неговиот дом во Лос Анџелес.
„Има многу работи кои не можеме да ги контролираме во текот на оваа криза, но мораме да се сконцентрираме на она што можеме да го направиме. За вас подготвивме стари вежби за кои не е потребно да одите во вежбална“, напишал Шварценегер на социјалните мрежи.
Покрај магарето, Шварценегер во својот дом го чува и понито Виски.
Текстот (Фото) „Терминатор“ со магарето Лулу тренира во вежбална е превземен од Reporter.mk.