18-годишната Марија Алексиќ од Србија нацрта портрет од поп-ѕвездата Калиопи, па ѝ го подари по концертот што македонската пејачка го одржа вчера во Нови Сад. Марија најпрво на „Инстаграм“ објави скица од цртежот што го нацрта со молив, па доби комплименти и од нејзините следбеници, ама и од пејачката.
„Со Калиопи се договоривме да ја побарам по концертот. Ми рече дека е воодушевена од сликата и дека најмногу ѝ се допаѓа тоа што го погодив карактерот на нејзините очи. Ми кажа и дека ќе ја врами сликат и дека ќе ја стави во својот дом“, раскажа Марија за „Репортер“.
Ова не е првпат Марија да нацрта портрет на македонски пејач. Таа претходно ги нацрта и Каролина Гочева, Елена Ристеска и Александар Тарабунов. Марија често објавува портрети од обични ликови, но и ги црта и најголемите светски ѕвезди.
(А.Ј)
Текстот (Фото) Тинејџерка од Србија ја нацрта Калиопи, поп-ѕвездата се воодушеви од портретот е превземен од Reporter.mk.