Легендарниот американски актер и продуцент Том Хенкс (63) бил уловен од папараците со зелена марама на лицето како се шета низ улиците на Лос Анџелес. Марамата му посложи да се заштити од коронавирусот. Тој беше првата јавна личност што се зарази во Австралија и оздраве од опасниот вирус.
Низ социјалните мрежи тој во детали раскажа за своето искуство кое го имаше со вирусот и сега вели дека се обидува да помогне да се најде вакцина против „Ковид-19“.
Ѕвездата на филмот „Форест Гамп“ го покри лицето со зелена марама која му одговараше на неговата маица во иста боја и на темните панталони, а на нозете носеше кожени еспадрили во кафеава боја.
Оскаровецот и неговата сопруга, пејачката Рита Вилсон (63), која исто така беше заразена, донираа крв и крвна плазма за да придонесат во истражувањето за вакцина против коронавирусот кога им откриле дека имаат антитела.
Текстот (Фото) Том Хенкс со зелена марама се прошета низ Лос Анџелес е превземен од Reporter.mk.