(Фото) Том Круз си го уништи лицето со ботокс

Лицето на глумецот Том Круз е уништено од боксот, пишуваат светските медиуми. Круз неодамна се појави на доделувањето на The Fashion Awards во Лондон. Медиумите пишуваат дека на фотографиите се гледа дека глумецот претерал со интервенциите на лицето за да изгледа помладо.

Човекот кој некогаш важеше за магнет на девојките, сега изгледа непрепознатливо.

„Круз ја има до толку затегнато кожата, до непрепознатливост“, бил еден од коментарите на фановите.

Медиумите пишуваа дека Круз планира да ја напушти Сеинтолошката црква, за да биде со неговата ќерка Сури за Божиќ. Од неодамна во јавноста се појавија шпекулации дека Сентолошката црква, сакајќи да го подобри својот имиџ во јавноста, самата таа му предложила да ја обнови врската со ќерка му, иако досега го спречуваше во тоа.

 

 

Текстот (Фото) Том Круз си го уништи лицето со ботокс е превземен од Reporter.mk.