(Фото) Тони Цетински стана земјоделец на Истра

Хрватскиот пејач Тони Цетински е во изолација во селото Радетиќ во Истра, каде што работи во својата био-градина. Тој е со сопругата Дубравка и нејзината мајка. Популарниот пејач вели дека освен што прави нова музика, времето го користи и за земјоделие.

„Со почитување на мерките за дистанца, нашето био-село, нашата био-градина се подготвени за садење веднаш по првиот дожд, кој го чекаме“, напиша Тони на „Инстаграм“.

Тој во интервју за „Слободна Далмација“ рекол дека времето во изолација го поминува многу активно и креативно.

„Никогаш не сум снимал колку што снимам сега и супер се сложувам со жена ми и мајка ѝ. Мислам дека луѓето сега малку поинаку ќе се однесуваат кон природата, но и едни кон други. Со домашните се сложуваме супер. Сами себе се изненадивме. Знам да влезам и јас во кујната да зготвам. Си открив нов талент. Не се плашам од вишокот килограми, редовно возам велосипед низ околните села. Ама и се хранам здраво“, рекол Тони.

Текстот (Фото) Тони Цетински стана земјоделец на Истра е превземен од Reporter.mk.