Глумецот Васил Зафирчев вчера го прослави 40 роденден. Тој објави фотографија од роденденската торта и им се заблагодари на сите за убавите честитки.
„Драги мои, ви благодарам од срце на убавите честитки по повод мојот 40-ти роденден. Возвраќам со најискрена желба за ваша секогаш среќна сегашност, оти животот е вечна сегашност. Едно големо овде и едно долго, долго сега. Затоа секогаш бидете овде и сега за вас и за оние кои ги сакате и кои ви значат“, напиша Зафирчев на „Фејсбук“.
Зафирчев во моментов глуми во четвртата сезона во хумористичната хит-серија „Преспав“. Тој го игра ликот на Марио, харизматичниот готвач, улога за кој ни кажа дека ја добил сосема случајно.
„Не требаше да го играм Марио“, Васил Зафирчев пред вечерашната „Преспав“
Текстот (Фото) Васил Зафирчев го прослави 40 роденден е превземен од Reporter.mk.