Фолк пејачката Елена Велевска денес полни 38. Дека е роденеденски расположена, таа покажа и со новата слика која ја сподели на Фејсбук, па ги собра комплиментите од своите обожаватели. „38 години. Ве сакам до небото“, напиша Елена. Пејачката пред два месеци го привлече вниманието на јавноста , откако потврди дека ќе се разведува со сопругот Марјан. Кратко потоа, таа кажа дека се смириле и дека заради трите деца сакаат да му дадат уште една шанса на бракот.
Текстот (Фото) Велевска секси за 38. роденден е превземен од Reporter.mk.