Актерката Амернис Нокшиќи и новинарот Борјан Јовановски го прославија христијанскиот празник Велигден. Според адетите, Амернис вапса црвени јајца, но бојоса и виолетови, зелени, сини, а направи и шарени јајца во неколку бои. „Среќни велигденски празници“, им посака глумицата на пријателите.
Интресно е тоа што во домот на Амернис и Борјан задолжително се слават и муслиманските и христијанските празници. Амернис досега неколклку пати има кажано дека за Бадник, таа секогаш спрема лепче со паричка, а за Бајрам, Борјан подготвува ручек за семејството.
Амернис и Борјан се во брак повеќе од 10 години и ги имаат ќерките Бора и Каја. Пред да се земат беа подолго време во врска, а љубовта ја започнаа во времето кога Борјан беше потпарол на покојниот претседател Борис Трајковски.
Фото: Фејсбук
Текстот (Фото) Велигден во домот на Амернис и Борјан е превземен од Reporter.mk.