Синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ, доби интересен подарок од својата сестра Анастасија. Таа му купи уникатна маичка на која пишува: „Овој тип ќе биде најдобриот иден татко на светот“. Вељко сликата од подарокот ја сподели на „Инстаграм“. Тој пред неколку месеци откри дека ќе стане татко, а по свадбата се пофали дека ќе добие син и дека бебето ќе се вика Жељко, како неговиот покоен татко.
За потсетување, Вељко пред две недели се ожени со својата девојка Богдана. Тие направија голема свадба со околу 500 гости во хотелот „Хајат“ во Белград. Претходно ги истераа сите традиционални обичаи во селото Тител, од каде што потекнува невестата, а потоа се венчаа во соборниот храм Свети Сава.
Текстот (Фото) „Вељко ќе биде најдобриот татко“, Анастасија со уникатен подарок за братот е превземен од Reporter.mk.