Актерката Весна Петрушевска e вљубена и има дечко. Таа открива дека по долго време има момче и дека е посреќна и повљубена од кога било до сега.
„Еве, ќе ви откријам само дека имам партнер, заедно сме многу кратко време, но среќна сум и задоволна. Не ви кажувам детали за да не ме урочат“– изјави Весна за „Репортер“.
Весна стави и интерсена фотографија на Инстаргам за која напиша „Љубовта е во воздухот“.
Весна беше во брак со Јанко Тренкоски, со кого се разделија. Додека беа заедно, ги посвоија Кирил и Мина. Актерката лани беше актуелна и со автомобилот што ѝ падна во водите на Вардар. Мината недела беше зафатена околу претставите на хрватскиот актер Тарик Филиповиќ. (А.Г.)
Текстот (Фото) Весна има дечко, вели дека е среќна е превземен од Reporter.mk.