Модната креаторка и поранешна членка во британската музичка група „Спајс грлс“ Викторија Бекам вчера го прослави својот 45. роденден. Викторија роденденот го славеше во друштво на своите најблиски, сопругот Дејвид Бекам и децата Харпер, Круз, Ромео и Бруклин. Со нив беше и девојката на нејзиниот син, Хана Крос.
Семејството ја изненадија славеничката уште во раните утрински часови, а моментот го снимил Бекам, кој ја фотографирал Викторија неуредена и без шминка.
Викторија подоцна се пофали дека ги почастила сопругот и синовите во ресторан, но наместо роденденска торта, таа нарачала крофна. За подарок добила интересни подароци. Од сопругот и синовите добила цвеќиња и посебна честитки, а ќерката Харпер ја изненадила со кукла.
Текстот (Фото) Викторија Бекам дуваше свеќа на крофна е превземен од Reporter.mk.