(Фото) Вин Дизел тренира за новиот дел на „Брзи и бесни“

Глумецот Вин Дизел се подготвува за снимањето на „Брзи и бесни 9“, филм на кој е особено горд. Тој објави фотографии од вежбалната и позира гол, покажувајќи дека е подготвен за нова авантура.

„По најдолгото снимање во кариерата. „Брзи и бесни 9“, филм на кој сум особено горд“, напиша Вин Дизел на социјалните мрежи.

Глумецот неодамна објави и видео со раперката и глумица Карди Б, која исто така ќе биде дел од екипата која ќе глуми во новиот филм.

Новиот филм треба премиерно да се прикаже следната година во мај, а во него покрај Вин Дизел кој ќе го глуми ликот на Доминик Торето, ќе играат и Џон Сена, Мишел Родригез, Шарлиз Терон, Хелен Мирен и Натали Емануел.

 

Текстот (Фото) Вин Дизел тренира за новиот дел на „Брзи и бесни“ е превземен од Reporter.mk.