(Фото) Внуката на Џамбазов му даде уникатен поклон за роденденот

Актерот Игор Џамбазов денеска полни 56 години. Тој за роденденот доби уникатен подарок од неговата внука Марија Прличкова и нејзиното момче Емил Нешовски. Марија и Емил го прогласија Игор за најдобар чичко на светот, а тој, на „Инстаграм“ се пофали со подарокот. Џамбазов за роденденот доби и голем број честитки од своите фанови.

Актерот последниве месеци често е активен на „Инстаграм“, па постојано споделува што прави – од тоа како ја пее песната „Кољо што го викат поп“, преку дружбите со пријателите, до секојдневието во Дојран, каде што живее последниве неколку месеци.

(Видео) Игор Џамбазов пак се дружи со комарџијата Кољо

 

Текстот (Фото) Внуката на Џамбазов му даде уникатен поклон за роденденот е превземен од Reporter.mk.