Водителката на „Утринска на Телма“ Цеце Трајковска во секси венчаница, вчера, се омажи за своето долгогодишно момче Столе Тодосовски.
Свадбата која беше само со најблиските од семејството и пријателите, траеше до раните утрински часови. На свадбата беа и нејзините колеги од „Утринска на Телма“, Елена и Гоце, а старосват е Марко Марк, најдобриот другар на Цеце од детството и колега во утринската програма.
Двојката одамна живее заедно, а Столе ја побара за жена во Охрид.
„Со Столе се познаваме долго време, а речиси две години живееме заедно. Одлично функционираме и супер се надополнуваме. Гледаме деновите да ни се исполнети со убави работи и позитивни луѓе. Ме побара за жена во мај, во Охрид. Сега веќе се подготвуваме за свадбата“, изјави Цеце за Репортер.
Претходно водителката на „Утринска на Телма“ Цеце Трајковска направи необична моминска забава. Таа со другарките возеше кајак во кањонот Матка, а девојките потоа се забавуваа во приватна куќа во кањонот, до која се стигнува само со кајче.
Љ. Владимиров
Текстот (Фото) Во секси венчаница се омажи Цеце од Телма е превземен од Reporter.mk.