Популарниот српски актер Воjин Четковиќ на својот инстаграм-профил неодамна објави слика од индексот од факултет, на која има 18 години. „Едно дамнешно време“ стои под фотографијата. Обожавателите му оставија бројни коментари дека бил убаво момче, ама и дека изгледа непрепознатливо.
47-годишниот глумец е роден во Крушевац. Тој се преселил во Белград на 18 години за да се запише на Факултетот за драмски уметности. Зад себе има бројни улоги, од кои најпозната му е улогата на Мане во филмот „Зона Замфирова“. Оженет е со глумицата Слобода Миќаловиќ со која има две деца.
Текстот (Фото) Војин Ќетковиќ пред 30 години е превземен од Reporter.mk.