(Фото) Вучиќ го изгуби најдобриот другар кој почина од коронавирус

Претседателот на Србија Александар Вучиќ го изгуби својот најдобар пријател од детството Владо Б. (45) кој почина од коронавирус, пренесуваат српските медиуми. Српски Курир, пренесува дека претседателот на Србија со солзи во очите се појавил на работа пред неговите соработници во кабинетот.

Поради трагичната вест службите ја одложија редовната конференција. Во изминатите 24 часа во Србија од тестирани 637 лица потврдени се уште 111 нови случаи на заразени со коронавирусот, со што вкупниот број на заразени се искачи на 1171 лице, соопштено е на сајтот Ковид19.рс на министерството за здравство.

До денес во националната референтна лаболотирија на Инстиутот Торлак, тестирани се вкупно 5008 лица.

Текстот (Фото) Вучиќ го изгуби најдобриот другар кој почина од коронавирус е превземен од Reporter.mk.