Голем број од познатите балкански ѕвезди не ја почувствуваа зимата. Студените денови ги заменија со одмор на некои егзотични дестинации и тропски острови.
Хрватската пејачка Северина Којиќ со нејзинот партнер Игор студот го заменија со топлата идила на Малдивите. Друштво им правеше и синот на Северина Александар. Пејачката вели дека имаат прекрасни сеќавања и спомени од дочекот на новата 2019 година.
Северина и Игор со објавените фотографии на социјалните мрежи ги прекинаа шпекулациите за нивниот прекин на врската.
Првата Србинка која стана анѓел на „Викторија сикретс“, Кристина Периќ одвои неколку недели од своите деловни обврски за да мине на егзотичниот остров Бали. Кристина првите денови од Новата година ги мина во друштво на нејзиниот избраник и вереник Дамир Џурџевиќ.
Првите денови од новата година, Лидија Вукичевиќ ги мина во Обединетите Арапски Емирати во Дубаи. Српската актерка вели дека уживала во арапските обичаи и традиции, како и во носењето на нивните костими. Убавите моменти Лидија ги сподели со фотографии на социјалната мрежа Инстаграм.
Наместо обична порака за Нова година, српскиот актер Слободан Стефановиќ објави видео од Танзанија, каде ја прослави Новата година со припадници на едно локално племе.
Стефановиќ се пофали дека отишол на лов по лавови, нуркал со делфини и ги пробал сите екстремни активности кои Африка му ги понудила.
Текстот (Фото) За Северина нема зима е превземен од Reporter.mk.