Двајца маскирани непознати мажи ноќеска го запалиле автомобилот на српската пејачка Маја Маријана. Тие со маски влегле на нејзиниот имот во Филмскиот град во Белград и го запалиле „мерцедесот“ што бил паркиран во гаражата. Пејачката за „Пинк“ рекла дека не знае кои се напаѓачите, но и дека претходно не добивала закани.
„Случајот го пријавив во полиција и таму кажав сè што имам да кажам. Многу сме исплашени, и ќерка ми беше со мене дома кога се случи немилиот настан. Нанесена ми е голема материјална штета. Во полиција кажав на кого се сомневам, а натаму оставам тие да си ја завршат работата“, рекла пејачката во изјава за „Пинк“.
Фото: Пинк.рс/Ало.рс
Текстот (Фото) Запален автомобилот на српската пејачка Маја Маријана е превземен од Reporter.mk.