Првата дама на САД, иако некогаш се соочуваше со проблем, оти дизајнерите ја бојкотираа, денес таа таа е модна икона. Нејзиниот беспрекорен стил речиси секој ден е тема на светските медиуми. Неодамна, на традиционалната церемонија по повод Денот на благодарноста, првата дама на САД повторно го привлече вниманието со уште една успешна модна комбинација.
Таа се појави во црна комбинација , тесни црни панталони, џемпер и чизми до колена на високи потпетици, од Лубутан.
Овој монохроматски изглед го „освежи“ со впечатлив капут од модната куќа „Диор“. Се работи за волуменозно парче со геометриски облици во црвена, црна, бела и беж нијанса.
Модните стручњаци го одобрија овој изглед, но не и Твитер која ја спореди Меланија со мисирка.
Познато е дека Меланија често бира впечатливи палта и капути со кои комбинациите ги прави впечатливи. Така беше и со цветното палто на Долче и Габана кое чинеше преку 50.000 долари, но и она од минатата година на истиов настан, со потпис на Стела Мекартни. Пред неколку дена пак, изборот беше кариран долг капут од Мајкл Корс.
Текстот (Фото) Заради новиот капут Меланија ја нарекоа мисирка е превземен од Reporter.mk.