Фолк-пејачката Драгана Мирковиќ се пофали дека акционата ѕвезда Жан Клод Ван Дам ќе ги рекламира автомобилите што ги продава нејзиниот сопруг Тони во својот салон за коли. „Добредојде“, напиша таа на својот инстаграм-профил и откри дека Ван Дам е дел од тимот „Дон“. „Дон“ е името на регистарските таблички под кои се водат колите што ги продава сопругот на пејачката.
Драгана и Жан Клод се долгогодишни пријатели. Лани, кога Ван Дам беше нејзин гостин во Виена, пејачката преку социјалните мрежи најави дека планираат заедничка деловна соработка, но не откри што ќе работат. На почетокот на годината таа со семејството го посети глумецот во Лос Анџелес и запозна многу холивудски ѕвезди.
„Воодушевена сум од гостопримството и од многубројните уметници со кои се запознав и кои ми потврдија дека најголемите ѕвезди се едноставни и пријатни луѓе кога не работат и кога се дружат со пријателите“, рече Драгана по враќањето во Австрија.
Текстот (Фото) Жан Клод Ван Дам ги рекламира колите на Драгана Мирковиќ е превземен од Reporter.mk.