Познатиот српски пејач и композитор Жељко Јоксимовиќ своите музички почестоци ги врзува за хармониката. Уште како дете го засакал овој инструмент, а хармониката и настапите со неа му ги донеле и првите пари во животот. Во едно интервју за српските медиуми тој кажа дека кога почнувал со музика живеел сиромашно, дека морал да си замине од дома за да свири, да пее и да заработува. Тој сподели стара фотографија од времето кога уште како дете ја засакал хармониката.