Зоран Ацидовски е новиот дечко на актерката Весна Бејби Петрушевска. Таа објави заедничка фотографија со него, а пријателите ѝ посакаа долга љубов и ѝ порачаа дека се среќни за неа. Актерката неодамна за „Репортер“ откри дека по подолго време повторно e вљубена и дека е посреќна од кога било до сега.
„Еве, ќе ви откријам само дека имам партнер, заедно сме многу кратко време, но среќна сум и задоволна. Не ви кажувам детали за да не ме урочат“, изјави тогаш Весна.
Неколку дена претходно заедничка слика сподели и Зоран.
Популарната глумица претходно беше во брак со бизнисменот Јанко Тренкоски, со кого ги посвоија Кирил и Мина. Актерката лани беше актуелна и со автомобилот што ѝ падна во водите на Вардар.
Текстот (Фото) Зоран е новата љубов на Бејби е превземен од Reporter.mk.