Фотограф ја тужи Џенифер Лопез

Њујоршкиот фотограф, Стив Сандс, ги тужи Џенифер Лопез и нејзината компанија Nuyorican Productions за прекршување на авторски права, пренесува „E њуз“. Џенифер, наводно искористила слика од Сандс и ја објавила на „Инстаграм“, но за тоа не побарала дозола од него. Сега, фотографот бара отштета од 150.000 долари.

Во тужбата Сандс вели дека Лопез користела негова фотографија за да се промовира себеси и својот бренд на „Инстаграм“ каде што ја следат 119 милиони корисници. Фотографијата е направена во 2017 година, а објавена е во јуни истата година. Фотографијата што го прикажува само лицето на Џенифер, собрала повеќе од половина милион лајкови.

Џенифер сè уште не ја отстранила фотографијата од профилот и не ја коментирала јавно тужбата.

Текстот Фотограф ја тужи Џенифер Лопез е превземен од Reporter.mk.