Пејачот Џастин Бибер поседува луксузна вила во Лос Анџелес. Според пишувањата на светските медиуми, Канаѓанецот плаќа 75 000 евра месечно.
Луксузната вила има 10 спални соби, 16 бањи, куќичка за брод што е сместена во езерото Толука, базен со греење од 83 квадрати, вежбалница, дневна соба, две трпезарии, соба за билијард, играчница и спа-центар.
Освен тоа, во вилата има и домашно кино, а она што е интересно е дека во неа се наоѓа и џиновска статуа од Оскар.
Пејачот неодамна се омажи во тајност со манекенката Хејли Болдвин, со која почна заеднички живот. Познатата двојка од тогаш живее во Лос Анџелес.
Текстот (Фотот) За луксузната вила во Лос Анџелес, Џастин Бибер плаќа 75 000 евра месечно е превземен од Reporter.mk.