Франка во проблеми по свадбата со Чорлука

По само два дена од венчавката со Ведран Чорлука, хрватската евровизиска претставничка Франка Бателиќ не може да се опорави.

Таа на својот Инстаграм стори објави кратка снимка на која покажува во каква состојба се наоѓа.

„Ова се случува кога премногу пееш“, вели Франка која додала дека никогаш досега не останала без глас.

И додека таа се созема од впечатоците по веселиот викенд, за нејзиниот Ведран работните обврски веќе почнаа. Тој вчера се најде во авион на пат за Москва, каде ќе ја започне новата сезона во клубот Локомотив.

 

Текстот Франка во проблеми по свадбата со Чорлука е превземен од Reporter.mk.