Некои пикантерии за животот на еден од најконтроверзните музичари на 20 век, станаа познати до неодамна, а една од нив е дека Фреди Меркјури во одрден период од животот се забавувал и со принцезата Дајана.
Во биографијата на актерката Клео Рокос (56) пишува дека Фреди и помогнал Дајана да се маскира во маж и заедно да влезат во геј барот Royal Vauxhall Tavern. Тоа било време кога на бракот меѓу принцезата Дајана и принцот Чарлс му се ближел крајот, а таа се чувствувала заробена.
Освен дружбата со принцезата, мал број на луѓе знаат дека Меркјури бил и преголем обожавател на мачки.
Со оглед на тоа што имал турнеја речиси во текот на целата година, неговите мачки многу му недостигале, велат неговите пријатели. За полесно ги преболи своите миленици, неговата тогашна свршеница Мери го чекала дома со мачките покрај телефонот, за да може Фреди секојдневно им прерскажува што му се случува по турнеите.
„Фреди Меркјури беше љубител на животот, создавач на музика“, вака во една прилика го опишал неговиот колега од бендот Брајан Меј (71). Минаа веќе 27 години откако не напушти легендарниот музичар и фронтмен на групата Queen, Фреди Меркјури. Пејачот почина од тешко воспаление на белите дробови на 46 годишна возраст.
Зад себе остави стихови и музика која ќе се слуша и која ќе трае вечно. Беше познат по тоа што им пркосеше на стандардите и стереотипите, без оглед на тоа што за него се мисли. Контроверзен, авангарден и посебен, Фреди засекогаш ќе се памети по неговата неверојатна енергија со која целосно го промени светот на музиката.
Сите фанови едвај дочекаа да излезе биографија за талентианиот музичар во филмот Bohemian Rhapsody, кој ја воодушеви публиката, но и критичарите низ целиот свет.
Баш како и неговиот живот, филмот за Фреди е се, само не е досаден. Во него се говори за неговите музички почетоци, љубовната врска со Мери Аустин, единствената жена која ја сакал и за неговото хомосексуално искуство поради кое во животот често бил несватлив.
Иако се до 1991 година се декларирал како хомосексуалец, во едно свое интервју за американските медиуми, тој принзал дека ниту еден негов партнер, никогаш нема да може да ја замени Мери.
„Сите мои партнери ме прашуваа зошто не можам да заменам Мери, но тоа едноставно е невозможно. Мери е една пријателка која ја имам и никој друг не ми треба во животот. За мене, таа е мојата жена, а бракот меѓу нас двајцата за мене отсекогаш бил и ќе остане вистински брак“, го пренесува интервјуто The Sun.
Кога починал, Меркјури на Мери и го оставил поголемиот дел од своето богатство. Куќата и сите музички награди. Освен тоа ѝ оставил и порака во која ѝ напишал да се погрижи за неговата пепел и никогаш јавно да не каже каде ја сокрила.
Неодамна излезе и интервјуто кое неговиот партнер Џим Хатон го дал за британското шоу The Big Breakfast, само три години по смртта на Меркјури. Во интервјуто Хатон, емотивно зборувал за нивната љубов и тешка борба на музичарот со сидата, болест која со години вешто ја криел. Тој вели дека Меркјури позади сцената бил сосема поинаква личност. Не сакал да се истакнува, а најмногу уживал кога бил дома.
„Ги сакаше своите мачки. Ќе лежевме на каучот, а Фреди ќе ми ги масираше нозете и ќе ми раскажуваше како му минал денот“, изјавил Хатон во едно од своите интервјуа за Times.
Текстот Фреди Меркјури ја натерал Дајана да се маскира во маж за да влезат во геј бар е превземен од Reporter.mk.