Фронтменот на „Металика“ Џејмс Хетфилд има прескапо хоби, троши милиони за автомобили

Фронтменот на култниот бенд „Металика“, Џејмс Хетфилд, е колекционер на стари авомобили. Како што пренесуваат странските медиуми, тој во автомобилите вложил милиони долари, а некои и лично ги разубавил.

Славниот музичар во својата гаража има десетина скапоцени стари автомобили, од кои девет од нив, од 30. јануари се изложени во музејот на автомобили „Питерсен“ во Лос Анџелес. Меѓу оние кои ги покажал, ги нема форд од 1932 година, или „олдсмобил“ од 1952 година.

Изложбата која го носи името Reclaimed Rust: The James Hetfield Collection, ја направи познатиот водител и гуру за автомобили Рик Дор. Идејата е да се прикаже страста на Џејмс и хобите со кое ги исполнува своите уметнички потреби според музиката. Тој своевремено истакнал дека се заситил од овие автомобили и затоа ги изложил.

Ги изложил за да може другите да уживаат во нив, па се пошегувал дека нивното место во гаражата, ќе го завземат други модели. Инаку, Хетфилд учествувал во реставрацијата на неколку свои автомобили. Пред да стекне светска слава, тој работел во механичарска работилница.

Оние кои го познаваат, велат дека специјалност му било таканаречениот прилагоден стил, што значи дека бил мајстор за модифицирање на фабрички линии на начин на кој му се допаѓале на сопственикот. Својата љубов кон автомобилите, Џејмс ја покажал и во песната Fuel, „Гориво“.

Инаку Хетфилд е познат и како страствен колекционер и на гитари и разни предмети поврзани со музиката. Тој од септември се лечи од болести на зависности, поради што мораше да ја прекине и турнејата на бендот.

 

 

 

Текстот Фронтменот на „Металика“ Џејмс Хетфилд има прескапо хоби, троши милиони за автомобили е превземен од Reporter.mk.