Холивудската ѕвезда Џулија Робертс беше специјална гостинка на фудбалерките на „Барселона“, меѓу кои е и Македонката Наташа Андонова. Таа го гледаше натпреварот меѓу „Барселона“ и „Тотенхем“, доби дрес со своето име од првиот човек на клубот, а потоа се сликаше со младите девојки.
Фудбалерите на „Барселона“, и машката и женската екипа, се на подготовка во Америка, каде што ќе одиграат неколку контролни натпрвари пред почетокот на новата сезона. Наташа Андонова веќе една сезона игра за каталонскиот женски клуб. Таа лани потпиша договор до 2019 година.
Текстот Фудбалерката Наташа Андонова се дружеше со Џулија Робертс е превземен од Reporter.mk.