Фудбалот е љубов, Тарик го запозна Дарко Панчев

Хрватскиот актер Тарик Филиповиќ се запозна со македонската фудбалска легенда Дарко Панчев. Популарниот глумец и некогашниот фудбалер на „Вардар“ и „Црвена ѕвезда“ ги спои љубовта кон фудбалот. Тие се сретнаа во кафулето на Панчев, „9-ка“, а друштво им правеше Ранко Петровиќ, сопственикот на „Буба Мара“ радио.

Еден од најпопуларните глумци во регионот, Филиповиќ, веќе неколку дена е во Македонија. Тој вечерва во МНТ ќе ја игра монодрамата „Ќиро Блажевиќ“, посветена на тренерот над сите тренери. Освен во Скопје, со претставата која е одиграна над 300 пати во регионот, ќе настапи и во Струмица и Штип, а претставата веќе ја играше во Битола.

Хрватскиот милионер, како што го нарекуваат Тарик, во своето интервју за „Репортер“ откри дека му требало долго време да го убеди Блажевиќ да ја направат монодрамата.

„Идејата се роди пред 10 години, ама Ќиро не беше заинтересиран. Искрено, нему му беше страв дека книга, филм или театарска претстава за него е последната песна на лебедот и дека по тоа, бродот ќе отиде во отпад. Но, со тек на времето мојата желба и инспирација растеа и успеав да го убедам дека малкумина во животот имаат своја претстава“, рече тогаш Филиповиќ.

ЕКСКЛУЗИВНО СО ТАРИК ФИЛИПОВИЌ: „Фала ти, сине, што ме направи бесмртен“

Текстот Фудбалот е љубов, Тарик го запозна Дарко Панчев е превземен од Reporter.mk.