Фустанот на Дајана продаден за 220.000 фунти

Oткако организаторите од лондонската проценителска куќа Kerry Taylor Auctions не успеале да го продадат фустанот на поранешната британска принцеза Дајана за посакуваната цена, истиот бил купен од фодацијата Historic Royal Palaces, за цена од 220.000 фунти.

Организаторите од аукциската куќа велат дека се воодушевени од цената која била дадена за овој фустан и дека се надеваат дека истиот ќе остане во Британија. Првичната проценителна цена била од 320.750 до 384.900 долари. Но, откако фустанот не успеал да биде продаден по оваа цена на аукцијата, фондацијата се понудила да го откупи.

Фондацијата Historic Royal Palaces покрај тоа што се грижи за палатата Hampton Court и Tower of London, се грижи и за јавните делови од Кенсингтонската палата, во која некогаш Дајана живеела. Од таму се пофалиле дека успеале да купат дел од историјата.

„Не само што фустанот „Траволта“ е фантастичен пример од луксузната облека на Дајана, чија цел била да ги восхитува гостите за време на државните настани, туку истиот претставува и клучен момент во приказната за кралската мода на 20 век“, изјавила Елери Лин од Historic Royal.

Фустанот на Дајана познат како „Траволта“ фустан, поранешната принцеза го носела во Белата куќа додека танцувала со глумецот Џон Траволта. Темносиниот фустан со откриени рамења е на дизајнерот Виктор Еделстеин, а на продажба го ставила лондонската проценителска куќа Kerry Taylor Auctions во понделеник.

 

Текстот Фустанот на Дајана продаден за 220.000 фунти е превземен од Reporter.mk.