Пејачката Лејди Гага нема повеќе да снима филмови со Бредли Купер, открива извор близок до двојката која објаснува дека пејачката се одлучила на ваков чекор поради разните трачеви кои се ширеа во јавноста за нивната наводна љубовна врска.
Шпекулации за романсата која се појавила меѓу нив двајца ја погоди Ирина Шајк, која која набрзо потоа го напушти својот сопруг Бредли Купер.
„Лејди Гага нема да ја има улогата во новиот филм. Иако нивната приказна помогна и ја осигура гледаноста во кината, пејачката го одби Купер поради трачевите и големата прашина која се дигна околу нивната улога. Една од причинте е и разделбата меѓу Бредли и руската манекенка Ирина“, изјавил извор близок до Гага и Купер.
Невистинити се покажале и приказните за Гага која се бори против актерката Џенифер Лоренс за улогата во филмот Nightmare Alley, филм кој исто така ќе го режира Бредли.
Се зборува и за откажување на биоградскиот филм за „Кралицата Клеопатра“, која исто така требало да ја глуми Лејди Гага, а Бредли да биде нејзиниот љубовник Марко Антонио.
Љубовниот триаголник Бредли Купер, Ирина Шајк и Лејди Гага не престанува да биде главна тема во Холивуд. И додека едни нагаѓаат дека актерот и пејачката се заљубиле еден во друг за време на снимањето на филмот A star is born, други нетрпеливо го чекаат продолжетокот на драмата.
Откако Бредли и Гага го снимија филмот A star is born, почнаа шпекулациите дека актерот ја изневерува својата сопруга Ирина. Ваквите гласини се рашрија уште повеќе, што резултираше на крајот и со прекин на веридбата на Гага со Кристијан Карио.
Текстот Гага го одби Купер, пејачката не сака да снима повеќе поради трачевите е превземен од Reporter.mk.