Според тврдењата на поранешна сопруга на Џони Деп, Амбер Херд ,за време на една кавга во 2015 година ѝ го уништил пентхаусот вреден 3 милиони долари кој го користела за својата гардероба.
Фотографиите до кои дошол “Daily Mail” го прикажуваат нередот во гардеробата, дури и уништени работи, а насекаде низ просторијата се гледа расфрлан накит, облека и чевли, меѓу кои имало и скапи креации на светски познати дизајнери.
Амбер и нејзиниот тим од адвокати ги доставил овие фотографии до судот откако Деп ја тужел за клевета, барајќи отштета од 50 милиони долари.
Херд тврди дека нередот го направил нејзиниот поранешен сопруг по кавгата која ја имале и навела дека тој “често не се сеќавал на своето насилничко однесување”. Од друга страна, Деп ги отфрлил нејзините обвиненија, тврдејќи дека ништо од тоа не е точно, а неговиот тим тврди дека има докази дека Амбер била насилна кон него.
За потсетување, актерот Џони Деп ја тужи поранешната сопруга поради напис објавен во “Washington Post” во декември 2018 година, каде Амбер пишувала за наводното семејно злоставување, тврдејќи дека тоа никогаш не се случило и дека таа ја преминала секоја граница. Амбер во мај 2016 година побарала развод од актерот, со обвинение дека физички и вербално ја злоставувал во текот на целата врска.
Текстот (Галерија) Амбер објави слики од насилните напади на Џони Деп е превземен од Reporter.mk.