Поп-пејачката Викторија Лоба, вчеравечер го промовираше својот прв студиски албум “Нов свет“ ( New World). На промоцијата во ресторанот “Фоур“ и дојдоа многу колеги и пријатели, за да ги слушнат песните кои се снимани во две издание, македонска и англиска верзија. Лазар Цветкоски, Роберт Билбилов, Димитар Андоновски, Марга Сол, политичарката Фросина Ременски, беа само дел од познатите кои беа на промоцијата.
Сепак најголема поддрша беше нејзиниот дечко Ѓорѓи, со кого одамна е во љубовна врска и која не се воздржа од бакнежите, откако Лоба и Марга Сол настапија со неколку песни од новиот албум.
„Многу сум среќна што конечно излезе мојот прв албум, тоа не е само албум, туку дел од мене, сите емоции ги преточив во него“, рече Лоба промоцијата.
Албумите „Нов свет“ и англиската верзија “New World“ се снимани во M-Sol Records Studio, Just RB Studio и студио Јованови. Музички продуценти се Марга Сол и Роберт Билбилов. Викторија Лоба се појавува како текстописец на албумот, во кој на суптилен начин го раскажува сопствениот живот.
Текстот (Галерија) Бакнежите од Ѓорѓи најголема поддршка за Лоба е превземен од Reporter.mk.