Македонската манекенка Кристина Димитриевска вчера ја освои титулата Мис фотогеничност на изборот за „Мис глоуб 2019“ што се одржа во Улцињ, Црна Гора. 23-годишната манекенка беше избрана за најфотогенична во конкуренција на речиси 60 девојки од целиот свет. На „Мис глоуб 2019“ победи преставничката на Мексико, Алејанда Диаз Де Леон Солер, титулата прва придружничка ја освои Карла Џин Ларес од Тринидад и Тобаго, а втора придружничка е Лерен Баутиста од Филипини.
„Вчеравечер во хотелот „Отрант“ во Улцињ, 47-ма година по ред се одржа финалето на изборот за Мис Глоуб. Нашата држава ја претставуваше Кристина Димитриевска од Тетово, која направи убав успех, освојувајќи ја титулата Мис фотогеничност. Нашата држава имаше уште еден претставник на финалното шоу, пејачот Даниел Данн, кој имаше одличен настап во уметничката програма. Инаку, Кристина на изборот се претстави во креации што беа изработени специјално за неа за овој настан“, раскажа за „Репортер“ Мики Црнокрак, сопственикот на модното студио „Црнокрак“, кој беше и еден од членовите на жирито.
Инаку, Кристина е членка на модното судио „Црнокрак“, кое ја има лиценцата за овој познат избор на убавина. Манекенката три недели престојуваше во Црна Гора, каде што се подготвуваше за финалето на изборот. Девојките се натпреваруваа и во талент-шоуто, а се претставија и во национални костуми.
За потсетување, Кристина е поранешна жена на пејачот Даниел Кајмакоски, со кого го има синот Давид.
Текстот (Галерија) Бившата на Кајмакоски најфотогенична жена на светот е превземен од Reporter.mk.