(Галерија) Блејк Лајвли третпат бремена

Глумицата Блејк Лајвли е бремена третпат. Таа на премиерата на Pokemon: Detective Pikachu во Њујорк дојде облечена во тесен жолт фустан и го покажа трудничкиот стомак. Глумицата на премиерата дојде во друштво на сопругот, актерот Рајан Рејнолдс, кој го позајмува гласот на детективот Пикачу во новиот филм.

31-годишната ѕвезда на „Озборувачка“ и најплатениот глумец за минатата година, Рејнолдс, се во брак од 2012 година. Тие имаат две ќерки, Џејмс и Инес.

Текстот (Галерија) Блејк Лајвли третпат бремена е превземен од Reporter.mk.