(Галерија) Чаирска романтика во ноќта, Владо е евергрин – концерт за сите генерации

Поп-пејачот Владо Јаневски вечерва одржува концерт во арената „Борис Трајковски“, со кој одбележува 25 години соло кариера. Со големиот хит „Напрај место“, тој веднаш ја разигра публиката во преполната арена во која има повеќе жени одошто мажи. Тие го пречекаа со громогласен аплауз и му простија што се појави на сцената со 40 минути задоцнување. Владо концертот го продолжи со познатите стихови „Чаир е често досадно место…“, додека сиите пеат со него во еден глас.

„Ова чаирското ми лежи најмногу. Да ни стане оваа дружба традиција и да се гледаме секоја година“, рече тој на почетокот.

Владо концертот го продолжи со евергрините „Еден бакнеж“, „Дома си е дома“, „Ако не те сакам“, „Ова е само наше Скопје“, „Тајна отровна“, „Десет девојки“…, а публиката ужива во песните со кои пораснаа многу генерации.

Концертот на Владо Јаневски е во организација на „Прагма продукција“.

Подготви: С. Додевска
Фото: Д. Перковски

 

Текстот (Галерија) Чаирска романтика во ноќта, Владо е евергрин – концерт за сите генерации е превземен од Reporter.mk.