Познатата германска репрезентативка и поранешна ракометарка на „Вардар“, Ања Алтхаус неодамна се омажи со своето долгогодишно момче, скопјанецот Дино Балиќ. Таа конечно објави и фотографии од свадбата, на која носи едноствана венчаница со чипка и пресечени ракави. Венчалниот фустан го дизајнираше нејзината старосватица, познатата модна креаторка Јована Филиповиќ.
Дино пак беше облечен во елегантен костум. По склучувањето на граѓанскиот брак, била и свадбената веселба во еден скопски ресторан. Ања и Дино беа во врска повеќе од две години. Уште лани нивните пријатели открија дека двојката размислува за брак. Додека Ања живееше во Скопје тие често можеа да се видат заедно во познатите скопски кафулиња и кафеани.
Ракометарката неодамна ѝ стави крај на својата кариера и сега е спортски амбасадор. Дино, пак, и порано го пишуваа медиумите, затоа што беше во врска со поп-пејачката Каролина Гочева и со некогашната водителка и лото-девојка Натали Грубовиќ.
Текстот (Галерија) Чипка и тетоважи- Ања Алтхаус македонска невеста со гремански шмек е превземен од Reporter.mk.